Историски момент на Сан Сиро, Даниеле ја почна третата генерација на Малдини во Милан

by
1 минути читање

Милан на свој терен одигра само 1-1 против Верона иако повеќе од 20 минути играше со фудбалер повеќе.

Но во финишот од мечот се случи историски момент, синот на Паоло и внукот на Чезаре за прв пат заигра на меч од Серија А и ја почна третата генерација на Малдини во Милан.

Даниеле Малдини во игра влезе во 93. минута па немаше многу време да ги покаже своите квалитети, за разлика од неговиот татко тој е офанзивен фудбалер од кого во иднина ќе се очекуваат голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×