Милан се врати на стари навики без Ибра, само 1-1 со Верона, Лацио убедлив против СПАЛ, Џенова издржа кај Аталанта (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан без Златан
Ибрахимовиќ во составот им се врати на старите навики, одигра неубедливo и на
домашен терен ремизираше со Верона. Гостите поведоа со голот на Фарони во 13. минута,
но по половина час игра, Чалханоглу со многу среќа, од слободен удар изедначи
на 1-1.

Во продолжението
од мечот, Верона два пати ја погоди рамката од голот, и откако не успеа по втор
пат да го изненади фаворитот, остана со играч помалку, Амбрамат доби директен
црвен картон за опасен старт.

„Росонерите“ сепак
не ја искористија бројчаната предност, најблиску до гол беа во финишот од мечот
кога Кастиљехо ја погоди стативата.

Нерешено беше и
на дуелот помеѓу Аталанта и Џенова. Во лудо прво полувреме, домаќините поведоа
преку Толои, Кришито од пенал изедначи само пет минути подоцна а Санабрија ги
донесе гостите во предност од 1-2. Но 120 секунди подоцна, Иличиќ донесе ново
изедначување и погоди за 2-2.

На последниот
натпревар од 15 часот, Лацио славеше со убедливи 5-1 над СПАЛ. Имобиле и
Каиседо постигнаа по два гола, а еднаш во листата на стрелците се запиша Адеканје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×