Јувентус ќе руши рекорди, „старата дама“ подготвува неверојатни 150 милиони фунти за Ван Дајк?!

by
1 минути читање

Претседателот на
Јувентус, Андреа Ањели неодамна побара од акционерите на Јувентус финансиска инекција
од 300 милиони евра за клубот да се искачи на едно скалило погоре.

Се говореше дека
овие пари ќе се искористат за засилување од типот на Кристијано Роналдо, кој во
2018
се
пресели во Торино за 112 милиони евра и рекордна сума за италијански услови.

Килијан Мбапе,
Нејмар и Пол Погба беа имињата кои се споменуваа, а според пишувањата на
денешното издание на Сан, Вирџил ван Дајк е нова желба. Весникот пренесува дека
„старата дама“ подготвува неверојатни 150 милиони фунти, односно речиси 180
милиони евра, со што ќе го направи Холанѓанецот втор најскап играч во
историјата.

Сан додава дека
Ван Дајк би можел да биде примамен за авантура во Италија и нов предизвик доколку
ја освои Премиерлигата со Ливерпул оваа сезона, и со тоа ќе ги има сите големи
трофеи во дресот на „црвените“ откако минатата година клубот од Енфилд
триумфираше во Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×