172
Минатиот месец,
Барселона реши да го менува Ернесто Валверде, чашата ја прели поразот од Атлетико
Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија. Чави беше прв избор, преставници
на „каталонците“ беа во Доха да го убедуваа, но легендата одби сред сезона да
го превземе кормилото.
На крајот, Кике
Сетиен седна на жешкото столче на Камп Ноу, и според пишувањата на АС, тој бил
последна опција.
По неуспешниот
обид да се ангажира Чави, Барса се фокусирала кон други имиња, но добила
„корпа“ од Куман, Покетино и Гарсија Пимиента. АС додава дека тренерското
столче му било понудено и на Макс Алегри, и тоа откако Покетино кажал НЕ, но и
Италијанецот го одбил шампионот на Шпанија.