Пеп Гвардиола според многумина е најдобриот тренер во светот, но Лигата на шампионите засега успеа да ја освои само со Барселона.
Во Баерн Минхен не успеа да направи таков успех, а ниту со Манчестер Сити досега. Но се уште има време за трофеј во најелитното клупско натпреварување со англискиот тим.
„Се разбира дека нема да ни судат само по начинот на кој играме, туку и по титулите кои сме ги освоиле. Тоа е вистината, едноставно така е“, вели Гвардиола.
„Минатата година беше исклучителна за нас, но луѓето велат: „Но не ја освоивте Лигата на шампионите“.
„Затоа ќе бидам осуден ако не успееме да ја освоивме во мојот завршен период тука, мојата мисија во Манчестер Сити ќе биде неуспешна без трофејот од ЛШ. Го знам тоа“.
„Но уживам да работам со моите фудбалери и тие се уште победуваат на многу натпревари. На крај ќе видиме што сме направиле“.