356
„Кориере дело Спорт“ пишува дека словенечкиот голман прво беше во составот на Интер за мечот против Удинезе, но во меѓувреме е тргнат поради повреда.
Хандановиќ има повреда на раката, а информациите велат дека поради неа ќе пропушти неколку натпревари.
Самир Хандановиќ има неверојатни 97 натпревари по ред во Серија А, последен меч кој го пропуштил бил во мај 2017 година, и тој исто така бил против Удинезе.
На голот на Интер за денешниот меч против Удинезе ќе застане Даниеле Падели, за него тоа ќе биде прв старт во Серија А