171
На претходните 13
натпревари помеѓу овие два ривали, Рома забележа осум победи, пет пати беше
нерешено, а Сасуоло ниту еднаш не се радуваше на три бода. Лошата серија е
прекината, популарните „нероверди“ вечерва слават прва победа откако триумфираа
со 4-2.
Домаќините
одлично го започнаа натпреварот и во период од 20 минути три пати ја тресеа
мрежата на противникот. Капуто го отвори резултатот, потоа зголеми на 2-0 во 16.
минута, а Ѓуричиќ реализираше во 26. минута за 3-0.
Рома се обиде да
се врати во вториот дел, Џеко најпрво намали на 3-1, а Верту од пенал донесе
3-2. Сепак Бога во 74. минута постигна прекрасен гол за 4-2 и ги реши сите
дилеми.