229
Манчестер јунајтед и Вулверхемптон вечерва ги поделија бодовите на Олд Трафорд. Двата тима имаа свои прилики, но недостасуваше добар финиш и реализација, па голманите имаа малку работа и беа ставени на тест само во два-три наврати.
Бруно Фернандеш дебитираше за „ѓаволите“ по трансферот од Спортинг, Португалецот имаше солиден натпревар со неколку убави додавања и неколку удари од далечина.
Со ова реми, Манчестер јунајтед не искористи уште еден кикс на Челси и остана на -6 во однос на топ четри. „Ѓаволите“ всушност и назадуваа една позиција на табелата откако Шефилд јунајтед со три бода си замина од гостувањето кај Кристал Палас и „сечилата“ сега се на позицијата број 5 на табелата.