Халанд не престанува, со нови два гола постави нов рекорд, историја испиша и Санчо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд не престанува, Норвежанецот денеска два пати ја тресеше мрежата на Унион Берлин во убедливата победа на „милионерите“ од 5-0.

Со овие два гола, тој стана првиот играч кој постигнал 7 погодока на првите три меча во Бундеслигата. Уште поимпресивна е минутажата, односно му беа потребни 136 минути, или гол дава од прилика на секои 20 минути.

Историја денеска испиша и Џејдон Санчо, Англичанецот стана првиот играч кој стигнал до 25 погодока во Бундеслигата пред да наполни 20 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×