181
Во првиот натпревар од 25. коло во Премиерлига, Лестер и Челси одиграа 2-2. По прво полувреме без погодоци, гостите поведоа на стартот од вториот дел. Се изведе корнер од левата страна, Ридигер скокна највисоко и донесе 0-1.
Лестер сепак брзо го сврте резултатот во своја корист, Барнс изедначи на 1-1 во 54. минута, а Чилвел донесе предност од 2-1 во 64. минута.
Во 71. минута од мечот, по еден прекин, Ридигер повторно скокна највиско и донесе 2-2. До крајот на мечот двата тимаа имаа шанси да стигнат до победа, но мораа да се задоволат со поделба на бодовите.