Мурињо открива дека уште првиот ден откако седнал на клупата на Тотнем, Ериксен му кажал дека нема шанси да потпише нов договор.
„Денот кога дојдов тој ми кажа дека нема да потпише нов договор“, открива Мурињо.
„Ериксен ми кажа дека веќе ја донел одлуката и нема шанси да ја промени. Од тој момент се обидував да изградам тим без него. Тоа беше причината поради која не го играв многу често“.
„Моја задача и задача не г-дин Леви беше да ја изменаџираме ситуацијата на интелегентен начин“.
„Јас требаше да се трудам да имам фудбалер кој нема голема мотивација но добар сенс за професионализам и да дава што може да даде. А на Леви беше да обезбеди добра зделка за продажба бидејќи неговиот договор истекуваше за шест месеци“.
„Кристијан беше добар во соблекувалната. Секогаш позитивен и со почит кон сите, беше добар но ограничен од фактот дека сака да си оди. Секогаш во такви ситуации има ограничувања“.
„Можевте да почувствувате дека во одредени натпревари тој не беше Кристијан, и тоа е нормално“.