287
Одион Игало во Манчестер јунајтед пристигнува од Шангај Шенхуа на позајмица до крајот на сезоната, во договорот меѓу двата клуба нема опција за откуп.
30-годишниот напаѓач се уште е во Кине, во наредните неколку денови треба да пристигне во Манчестер, но потребната документација е комплетирана пред истекот на преодниот рок.
По заминувањето на Лукаку, Манчестер јунајтед немаше класичен напаѓач, а дополнителни проблеми им создаде и повредата на Рашфорд кој беше убедливо најдобриот поединец оваа сезона.
Игало добро ја познава Премиерлигата, во Ватфорд настапуваше од 2014 до 2017 година.