Милан ангажираше еден играч, вториот дојде, ги мина лекарските прегледи и го фати првиот авион за назад

by
1 минути читање

Милан во
последниот ден од преодниот рок се засили со Алексис Салемакерс. Се работи за 20
годишен фудбалер од средниот ред кој пристигнува на позајмица од Андерлехт
.
Доколку се исполнат одредени цели,
„росонерите“ ќе бидат во целост да го купат играчот во зделка вредна околу 8
милиони евра.

Клубот од Сан
Сиро требаше да купи и лев бек, во Милано денеска пристигна 22 годишниот играч на
Виган, Eнтони Робинсон. Фудбалерот од САД ги помина редовните лекарски
прегледи, но наместо да биде потврден како засилување за Пиоли, тој го фати
првиот авион за назад.

Според Виган, биле
потребни дополнителни прегледи за чие комплетирање биле неопходни 72 часа, и со
оглед на тоа дека денеска завршува преодиот рок, било одлучено Ентони Робинсон
да се врати на „островото“. Но според пишувањата на медиумите, проблем било тоа
што двата клуба не можеле да најдат компромис за структурата на трансферот,
односно колкава сума да биде платена сега, а колкава на рати.

За да не остане
со играч помалку на позицијата лев бек, Милан ја прекина позајмицата на Диего
Лаксалт во Торино и го врати Уругваецот на Сан Сиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×