„Тајмс“: Обидите за Пјонтек пропаднаа, Манчестер јунајтед сега има друга опција

by
1 минути читање

Саломон Рондон е
трансфер таргет на Манчестер јунајтед, известува „Тајмс“, откако клубот од „Олд
Трафорд“ не успеа да го ангажира напаѓачот на Милан, Криштоф Пјонтек, кој се
очекува да направи трансфер во Херта од Берлин за 23 милиони фунти.

30 годишниот
Рондон, поранешен фудбалер на ВБА, би можел да биде опција за Манчестер
јунајтед во форма на позајмица, откако во Кина е одложен стартот на новата
сезона од тамошната „Суперлига“ поради драматичната ситуација со коронавирусот.

Рондон е член на
Далиан Јифанг, екипа која ја предводи шпанскиот фудбалски стратег Рафа Бенитез,
а дуото соработуваше и во Њукасл во сезоната 2018/29 каде Венецуелецот постигна
11 погодоци во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×