Солшер ги загуби нервите со Лингард: Џеси, уште еднаш стори го тоа и… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед оствари пирова победа на гостувањето кај Манчестер Сити, каде славеше
минимално со голот на Матиќ, но, истиот не беше доволен за прогрес во финалето
од ЕФЛ Купот на Островот, со оглед на победата од 1-3 за „Граѓаните“ на терен
на Манчестер јунајтед.

При водство за „Црвените
ѓаволи“, Џеси Лингард, кој игра далеку под нивото за еден клуб како Манчестер
јунајтед, загуби топка во една доста опасна зона која брзо донесе контра за
домаќините, а воедно и чиста ситуација за Рахем Стерлинг, кој на крајот не
успеа да израмни во таа прилика.

Оле Гунар Солшер
„збесна“ крај аут линијата на таа грешка на Лингард, па „Дејли Мејл“ ги пренесе
предупредувачките зборови од Норвежанецот кон Лингард по таа ситуација.

Уште еднаш стори
го тоа и ти си надвор, ајде!
“ беа зборовите на Солшер, а во истите имаше и еден
вулгарен збор.

Солшер не чекаше
многу, па Лингард беше изваден од игра осум минути потоа, а Норвежанецот сакаше
да ја ублажи ситуацијата со што го прегрна својот фудбалер, меѓутоа се чини
дека самиот Лингард беше вознемирен од своето ново бледо издание во дресот на
Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×