Македонскиот капитен Горан Пандев би можел да се врати во Интер и да ја заврши кариерата во клубот каде го доживеа и најголемиот успех.
Според „Џанлука Ди Марцио“, Интер бара напаѓач кој ќе биде замена за тандемот кој функционира одлично, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.
Клубот од Милано долго време се поврзуваше со Оливие Жиру, но се чини дека ништо нема да испадне од тој трансфер.
Сега мета на нероазурите е Горан Пандев, тој би требало да биде поевтина опција поради возраста и фактот дека има договор со Џенова само до крајот на сезоната кога има и големи шанси да ја заврши кариерата.
Пандев игра во одлична форма во првиот дел од сезоната, зад своето име запиша пет голови во Серија А. Токму неговите игри се причина за интересот на Интер.
Интер сака да го ангажира Пандев за до крајот на сезоната, а идеално сценарио за нашиот капитен би било да ја заврши кариерата каде што се израдува на историската тројна круна.
#Calciomercato, #Inter su #Pandev: si lavora per il ritorno in nerazzurro dopo 9 annihttps://t.co/XftlKHkZ8N
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 30, 2020