Реал Мадрид четири пати ја тресеше мрежата на Сарагоса за пласман во четвртфиналето од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кралскиот клуб немаше проблеми да ја помине Сарагоса, одигра моќно, даде четири голови и оствари лесна победа.

Дека домаќините ги чека лоша вечер се виде уште на самиот почеток кога Рафаел Варан постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

По половина час игра во мечот, Лукас го зголеми водството на 2-0 за Реал Мадрид, со тој резултат се отиде на полувремето.

Во 72. минута Жуниор Винисиус погоди за веќе убедливо водство од 3-0, а конечните 4-0 ги постави Бензема седум минути подоцна.

Валенсија дури по пеналите победи на гостувањето кај Леонеса.

Виљареал со 2-0 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано, Реал Сосиедад со 3-1 беше подобар од Осасуна, Гранада со 3-2 по продолженија дојде до триумф кај Бадајоз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×