Пирова победа на Манчестер Јунајтед, Сити ќе игра во финалето од Лига Купот (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Манчестер јунајтед го победи градскиот ривал на негов терен со 1-0, но таквиот триумф не беше доволен за прогрес во финале бидејќи на Олд Трафорд загубија со 3-1.

Немања Матиќ во 35. минута постигна гол, а српскиот фудбалер во 76. минута доби втор жолт картон и го остави Јунајтед со фудбалер помалку.

Манчестер Сити имаше повеќе неискористени шанси и два поништени гола поради офсајд. Како и да е, тие се радуваат на крајот.

Во финалето на Вембли, Манчестер Сити ќе игра против Астон Вила која го доби двобојот со Лестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×