Официјално: Манчестер јунајтед потврди – Постигнат е договор со Спортинг Лисабон за Бруно Фернандеш!

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш е
главна тема на Островот извесен период, како и во поголемиот дел од фудбалскиот
свет, а причина за тоа секако е големиот интерес кој постои за фудбалерот на
Спортинг Лисабон од страна на Манчестер јунајтед.

Нема дилеми дека
Фернандеш е приоритет за тимот од „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок, а
од Манчестер јунајтед и официјално потврдија дека веќе постигнале договор со
Спортинг Лисабон.

Манчестер
јунајтед е воодушевен што може да објави дека постигнат е договор со Спортинг
Лисабон за трансфер на Бруно Фернандеш
“ се вели во соопштението објавено на
официјалниот клупски сајт на Премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

По договорот
сега претстојат медицински прегледи и договор околу личните услови, следното
соопштение ќе биде објавено благовремено
“ додаваат од таму, а ќе додадеме дека
сајтот на Премиерлигашот одреден период по објавувањето на веста беше паднат,
веројатно по големата навала на читатели која следеше по таа вест. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×