„Дејли Мејл“: Тотнем и Реал Мадрид денес почнуваат преговори за Бејл

by
1 минути читање

Тотнем и Реал
Мадрид денес ќе започнат преговори околу можното сензационално враќање на Герет
Бејл во Премиерлигата, поточно, враќање во клубот од каде направи трансфер во „Кралскиот
клуб“ пред седум години.

Меѓутоа, како што
известува „Дејли Мејл“ во својата објава, се вели дека 30 годишниот Велшанец би
морал да се согласи на помала плата доколку даде зелено светло за едно такво
сценарио во завршницата од преодниот рок месецов.

Бејл направи
трансфер од Тотнем во Реал Мадрид во 2013. година за сума од 85 милиони фунти,
меѓутоа тој повеќе не е приоритет за „Кралевите“, особено не за неговиот тренер
Зинедин Зидан, па од поодамна се шпекулира дека е на излезна врата од шпанската престолнина.

Велшанецот
минатиот летен преоден рок беше близу до трансфер на Далечниот Исток, поточно
во Кина, меѓутоа на крајот реши да остане во Реал Мадрид, а „Дејли Мејл“ тврди
дека шефот на стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо силно го посакува како
засилување во зимскиот преоден рок.

Сепак, постои и
едно не баш реално сценарио кое би можел да го прифати Бејл, а тоа е неговата „астромонска“
плата на неделно ниво која изнесува 600,000 фунти, за која, доколку даде зелено
светло за враќање во Тотнем, ќе биде во голема мера намалена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×