Група од 20-30
маскирани лица синоќа го нападнаа домот на извршниот потпретседател на
Манчестер јунајтед, Ед Вудворд, сево ова доаѓа по уште еден неуспешен преоден
рок за клубот, барем според моменталната ситуација.
На Островот веруваат
дека се работи за екстремната група „Луѓе во црно“, а лицата за кои во моментов
трага полицијата и работи на нивна идентификација во своите скандирања пред
домот на Вудворд му порачаа „Ќе умреш“, а овој настан наиде на осуда од
Манчестер јунајтед.
Just seen a video surface of United fans allegedly firing Flares at Ed Woodward’s House, Thoughts? pic.twitter.com/sjXTRqOSPy
— Madman Mason (@MadmanMason3) January 28, 2020
„Кога навивачите
ги изнесуваат своите ставови, тоа е една работа, меѓутоа криминални активности
и загрозување на животот на некоја особа е нешто сосема друга работа, не постои
никакво оправдување за овој настан“ стои во дел од соопштението на клубот од „Олд
Трафорд“
Навивачите на
Манчестер јунајтед постојано го вперуваат прстот кон Вудворд кој е на чело на
позицијата извршен потпретседател на клубот од 2012. година па наваму, откако почна големиот пад на
клубот на резултатски план по заминувањето на Алекс Фергусон, а се чини дека со
овој инцидент се надмина границата на нетрпението кај навивачите на
Премиерлигашот.
На Островот
известуваат дека Вудворд, неговата сопруга, како и двете ќерки не биле во домот
за време на инцидентот.