Микел Артета го
донесе првото засилувње на „Емирати“, Арсенал попладнево потпиша со 26 годишниот
Пабло Мари. Се работи за дефанзивец кој пристигнува на позајмица од Фламенго за
која ќе бидат платени 4 милиони фунти. „Топчиите“ исто така ќе имаат опција во
целост да го купат Шпанецот за додатни 8 милиони фунти.
„Пабло е искусен
играч и ќе донесе квалитет во нашата одбрана. Подолго време го следиме и
задволни сме што успеавме да се договараме со Фламенго“ – вели техничкиот
директор Еду.
Интересно е тоа
што Пабло Мари три години беше играч на Манчестер Сити, каде Микел Артета
работеше како помошник на Пеп Гвардиола.
Тој беше купен во 2016, но не одигра ниту една минута за „граѓаните“, најпрво
беше испратен на позајмица во Жирона, потоа во НАЦ Бреда, па во Депортиво Ла
Коруња, за во јули минатата година да биде продаден на Фламенго.