Милан со спектакуларна кореографија во чест на Коби Брајант: Легендите живеат вечно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Коби Брајант беше
голем навивач на Милан, па вечерва „росонерите“ имаа спектакуларна кореографија
во чест на миленикот на ЛА Лејкерс.

Пред почетокот на
дуелот со Торино, на семафорот се вртеа фотографии од Коби и неговата ќерка
Џиџи, на рекламните паноа пишуваше „Легендите живеат вечно“ и „Коби засекогаш“ а
на разгласот беше пуштен хитот на бендот Квин „Кој сака да живее вечно“.

Фановите на трибините направија ѕвездено небо,
а потоа го поздравија Коби уште еднаш со громогласен аплауз во 24. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×