Адебајор на 35 години се враќа во Премиерлигата?

by
1 минути читање

„Сан“ објави
помалку изненадувачка вест кој би можела на крајот да излезе како релевантна,
наводно Емануел Адебајор е близу враќање во Премиерлигата, откако интерес за 35
годишниот напаѓач пријавиле Астон Вила, Њукасл и Брајтон.

Во моментов,
интернационалецот од Того е слободен играч на трансфер пазарот откако минатиот
месец го напушти турски Кајзериспор, каде постигна два погодоци на осум настпаи
з атој клуб.

Се верува дека
постои голема желба кај Адебајор за уште една авантура во самата завршница од
неговата кариера, откако претходно го носеше дресот на Арсенал, Манчестер Сити,
Тотнем и Кристал Палас во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×