Наполи и
официјално го претстави Матео Политано од Интер како засилување во својот
состав, а веќе се познати и деталите од договорот помеѓу обата клуба.
Првиот човек на
италијанскиот вицепрвак, Аурелио Де Лаурентис го потврди трансферот, а веднаш
потоа и самиот клуб, кој објави дека преговорите со Интер завршија успешно.
Политано доаѓа во
Наполи на позајмица во идните 18 месеци, во договор кој чини 2.5 милиони евра,
а Наполи ќе има опција во истиот целосно да го откупи договорот на Политано со
Интер за 19 милиони евра, дополнително и 2 милиони евра во бонуси кои би
зависеле од клупските успеси.
Како што
известуваат во Италија, Политано ќе го носи дресот со број „21“, а неофицијално
неговата заработка ќе изнесува 2.2 милиони евра, како и 300.000 евра во бонуси.
https://t.co/ETclzx5VAp
#ForzaNapoliSemprepic.twitter.com/CQ86UDHdy8