201
20 годишниот Жан
Клер Тодибо минатиот јанури се пресели на Камп Ноу, но не доби многу шанса па
талентираниот дефанзивец овој месец се пресели на позајмица во Шалке.
Французинот во
разговор со Билд сега открива како е на тренинзите на Барселона, вели дека сите
добро внимаваат при стартовите за да не ја повредат првата ѕвезда на клубот,
Лео Меси.
„Сите знаеме дека
Меси не смее да биде повреден. На тренинзите морате да го чувате внимателно.
Научив многу играјќи крај него, успеав да му одземам многу топки без притоа да му
нанесам повреда“ – вели Тодибо.