Трансферот на Бруно Фернандеш пропаѓа, Јунајтед не сака да плати колку што бара Спортинг

by
1 минути читање

Полека изминува преодниот рок, а Манчестер јунајтед никако да го договори трансферот на Бруно Фернандеш.

Весникот „Сан“ пишува дека двете страни не се ни блиску до договор.

Спортинг Лисабон бара 68 милиони фунти, а Манчестер јунајтед понуди 42,5 милиони фунти да плати веднаш и дополнителни 8,5 милиони во бонуси.

На Спортинг иако му требаат пари, не сака да го продаде Фернандеш под бараната цена, во португалските медиуми велат дека Јунајтед е виновен што пропаѓа трансферот.

Раководството на Манчестер јунајтед пак смета дека Бруно Фернандеш не вреди толку колку што бара Спортинг и не сакаат да ја платат сумата од 68 милиони фунти.

Останува уште една недела до крајот на преодниот рок, Јунајтед уште не почнал ни преговори со Фернандеш за личните услови, бидејќи и двата клуба се далеку од договор.

Променето е и однесувањето на Фернандеш, тој беше уверен дека оди во Манчестер јунајтед, пред некое време се збогува со фановите на Спортинг бакнувајќи го клупскиот беџ по победата над Сетубал од 3-1 во која постигна два гола.

Но во вторникот не беше расположен. По мечот со Брага директно нервозен отиде во тунелот, не се ни поздрави со фановите, се расправаше со полицаец и турна камера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×