Маркус Рашфорд заработи
двојна стрес фрактура на грбот, го чека подолга пауза, Манчестер јунајтед два
до три месеци ќе биде без својот прв играч, па се разгледуваат неколку опции за
засилување на нападот.
Единсон Кавани од
ПСЖ беше едно име, Муса Дембеле од Лион исто така е алтернатива, а последните
гласини најавуваат сензационален трансфер. Тутоспорт пренесе дека Манчестер
јунајтед сака да го врати Карлос Тевез на Олд Трафорд. Веста брзо се прошири
низ Европа и стигна до Аргентина.
Италијанскиот
весник вели дека има неколку причини за една ваква зделка, Карлос Тевез нема
многу да го чини Манчестер јунајтед и ќе бидат потрошени малку пари, тој има
искуство од настап во Премиерлигата и ќе биде само краткорочно решение, односно
позајмен до крајот на сезоната.
Карлос Тевез го
носеше дресот на „ѓаволите“ од 2007 до 2009 и потоа наместо да потпише нов
договор, направи големо предавство и го одбра лутиот градски ривал Манчестер
Сити.