Фердинанд по бламажата на Манчестер јунајтед: За што се потрошени 600 милиони? Погледнете што прави Ливерпул

by
2 минути читање

Манчестер јунајтед
испушти уште една шанса да му се приближи на Челси во битката за четвртатa позиција на табелата откако синоќа на домашен терен беше изненаден од Барнли со 0-2. Популарните
„кларетс“ по 15 меча конечно успеаја да слават на гости кај „ѓаволите“ и да се
радуваат на триумф на Олд Трафорд за прв пат по 1962 година.

Разочарувањето
беше огромно кај домаќините, стадинот почна да се празни на десетина минути
пред крајот. Негативна анализа дадоа и стручните коментатори, а најгласен беше
Рио Фердинанд.

Легендата на
Манчестер јунајтед беше бесен, не се штедеше со критиките и имаше замерки за
трансфер активностите и изградбата на тимот.

„Велите биле
инвестирани 600 милиони фунти во последните неколку години… на што се
потрошени овие пари? Не гледам каде се инвестирани. Не гледам дека се прават
темели за проект за иднината. Искрено ќе ви кажам, јас се срамам. Срам ми е од
она шго се случува. Не само за перформансите на тимот, не можам да видим што ќе
се случи следно, не гледам пат по кој треба да се оди. Не гледам дека е
поставена некоја цел. Да го ставиме денешниот резултат на страна. Зборувам за
трансфер активностите и градењето на тимот, темелите кои се поставуваат за тимот
во иднина да може да се бори за трофеи. Не зборувам за оваа сезона, треба да
бидеме малку реални, зборувам за неколку сезони. Многу пари се потрошени
изминативе седум години, но не гледам ништо од тоа тука“
– вели Рио Фердинанд.

„Ако продолжи
вака, децата ширум земјата нема да сакаат повеќе да го носат дресот на
Манчестер јунајтед, нема да сакаат да дојдат тука и да му дадат поддршна на
клубот. Навивачите го напуштија стадионто на десет минути пред крајот, тое е
срамно. Раководството мора да го увиде ова и да почне да прави вистински
промени, да се креира план со кој луѓето ќе можат да видат во кој правец се
движи клубот. Во момент јас не гледам каде оди Манчестер јунајтед“.

„Погледнете што
прави Ливерпул, сите други во моментов сакаат да бидат како нив. Клубот не
купува играчи бидејќи тие се најдобри на одредена позиција, купува играч кој
најдобро ќе се вклопи во системот и ќе биде во тој систем долги години. Не
бараат краткорочно решение, сакаат да имаат корист на долг план“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×