Јувентус дојде до
победа во дуелот со Рома, каде славеше со 3-1, а со тоа „Старата дама“ избори
место во полуфиналето од италијанскиот Куп.
Кристијано
Роналдо беше стрелец на водечкиот гол за италијанскиот првак, а тој доби големи
пофалби од својот тренер Маурицио Сари, меѓутоа искусниот тренер главната
пофалба ја упати до мајката на Португалецот, поради тоа што создала таков „примерок“
за останатите.
„Не можам, а да
не го пофалам Роналдо, во однос на неговата форма, можете пофалбите да ги
упатите на сметка на неговата мајка која создала ваков човек, примерок“ рече
Сари по синоќешната пресметка во четфртфиналето од Купот на Италија.
34 годишниот
Роналдо на своите досегашни 48 настапи во дресот на „Старата дама“ зад своето
име успеа да запише фантастичен учинок од 37 погодоци.