По оваа изјава на Мендеш, плановите на Манчестер јунајтед за Фернандеш се распаѓаат на парчиња?

by
1 минути читање

Големите планови
кои Манчестер јунајтед долго ги градеше во обидите да дојде до потписот на 25
годишниот плејмејкер од редовите на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, се чини
дека би можеле да се распаднат, барем по изјавата на агентот Жорге Мендеш.

Соиграчот на
нашиот Стефан Ристовски во тимот на португалскиот прволигаш се шпекулираше дека
е близу трансфер на „Олд Трафорд“ за трансфер вреден околу 50 милиони фунти,
меѓутоа агентот тврди дека Манчестер јунајтед не е единствената опција за
плејмејкерот.

Доколку не си
замине сега, тој сигурно тоа ќе го стори на лето, бидејќи Спортинг веќе
разговараше со други клубови
“ изјави Мендеш.

Дополнително,
познатиот фудбалски агент додаде дека договор не е задолжително да се постигне
пред крајот на јануарскиот преоден рок, завршувајќи со следните зборови
:

Нешто ќе се
случи, меѓутоа не сум сигурен во тоа дали тоа ќе се реализира сега, или на
крајот од актуелната сезона
“ додаде Мендеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×