Пјер-Емерик
Обамејанг веќе ја известил Барселона дека ќе се приклучи на таа екипа, односно
ќе си замине од редовите на Арсенал, пренесуваат во Шпанија.
Напаѓачот на „Топчиите“
подолг период е желба на Каталонците, кои се во потрага по наследник на Луис
Суарез во нападот, дополнителен проблем за нив е фактот што Уругваецот се здоби
со посериозна повреда поради која ќе отсуствува од терените околу четири
месеци.
Обамејанг има
уште една година од својот активен договор со Арсенал, а на Островот од
претходно известија дека преговорите за нов договор се во „застој“ токму поради
Барселона, односно желбата на Габонецот да се пресели во составот на каталонскиот
гигант.
Одредени медиуми
тврдат дека желбата на Обамејанг е да го напушти Арсенал за да дојде до
позначајни трофеи во својата кариера, меѓутоа од Арсенал пак, се уште се
надеваат дека напаѓачот на крајот ќе потпише нов договор со клубот.
Пред само неколку
денови низ медиумите излезе вест дека во Барселона го посакуваат Обамејанг на
позајмица, веројатно и со можност за откуп на неговиот договор, а тоа што е
интересно во оваа ситуација, е начинот на кој навивачите на Арсенал реагираа на
тие шпекулации.
Навивачите на „Топчиите“
на социјалните мрежи побараа Арсенал да добие фудбалер за возврат како дел од
договорот, а ги посочија Осман Дембеле и Самуел Умтити, веројатно шега е од
нивна страна тоа што многумина го вметнаа Антоан Гризман како дел од желбите.
Сепак, вреди да
се напомене дека „Мундо Депортиво“ за момент ги скрши срцата на навивачите на
Барселона, со тоа што објави дека тешко за остарливо би било за очекување едно
сценарио во кое Арсенал ќе се согласи да го продаде својот капитен, а
дополнително отежнувачки би било тоа што Арсенал бележи слаба форма зад себе
сезонава.