167
Во натпревар со повеќе шанси и на двете страни, Јувентус реализираше три пати и дојде до триумф во дерби меч над Рома.
Серијата ја отвори Кристијано Роналдо кој реализираше по асистенција од Игуаин во 26. минута од натпреварот.
До крајот на првото полувреме Јувентус даде уште два гола, на 2-0 зголеми Бентакур во 38. минута, а во судиското продолжение Бонучи го постигна третиот гол за Јуве.
По пет минути игра во вториот дел Ундер испрати вистинска бомба кон голот на Буфон, топката од пречката удри во голманот на Јуве и заврши во неговата мрежа.
Во полуфиналето Јувентус ќе го чека подобриот од мечот меѓу Милан и Торино.