657
Иако извади сосема солиден тим, Барселона се мачеше да ја победи Ибица, Каталонците одиграа очајно прво полувреме.
Ибица поведе со гол на Кабеља уште во деветата минута, а Барселона во првиот дел не успеа ниту да шутне кон голот на противникот.
Конечно отпорот на домаќините беше скршен во 72. минута кога по одлична асистенција од Де Јонг, Гризман изедначи на 1-1.
Пред самиот крај на мечот, Гризман погоди уште еднаш и донесе победа на Барселона од 2-1 со која се пласираа во осминафиналето од Купот на Шпанија.