16 годишниот Џуд
Белингам е новиот „вундеркинд“ од Англија, оваа сезона стана најмладиот
дебитант во дресот на Бирмингем и најмладиот стрелец во историјата на клубот, па скаути на гиганти од цела Европа ги следат неговите настапи.
Барселона, Баерн
Минхен, Борусија Дортмунд, Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед се дел од екипите кои редовно
испраќаат луѓе да го бележат прогресот на Англичанецот кој е „бокс то бокс“
играч од средниот ред, односно сестран везњак кој одлично се снаоѓа во дефанзивните задачи но и пред противничкиот шеснаесетник. Во Чемпионшип оваа сезона
има 25 настапи на кои забележал 4 погодока, создадал 13 шанси за гол, добил 125 дуели и направил 53 успешни стартови.

Според пишувањата
на Сан, Манчестер јунајтед сака да ја „збрише“ конкуренцијата па „ѓаволите“ на
Бирмингем му нудат дури 30 милиони фунти. На почетокот од оваа недела, и
реномираниот Скај Спортс пишуваше на оваа тема и пренесе дека клубот од Олд
Трафорд е подготвен да плати 25 милиони фунти.
Интересно е тоа
што Џуд Белингам се уште е на стипендиски договор и има примања од само 145 фунти
неделно. Доколку остане во Бирмингем, во јуни кога ќе наполни 17 години, ќе
добие нов богат професионален договор.
Трансфер во
Манчестер јунајтед сигурно ќе му донесе уште поголема плата.
