Се чини дека
дојде до застој во преговорите помеѓу Јувентус и Барселона во однос на
најавуваната трампа со Федерико Бернардески и Иван Ракитиќ, иако постоеа
позитивни сигнали од обете страни, „Калчомеркато“ известува дека договорот го
кочи едно барање на италијанскиот првак.
Медиумот
известува дека обата клуба изминативе седмици се во постојани разговори околу
можноста за договор за трампа на горе наведените фудбалери, јасно е дека
Јувентус и Барселона имаат одличен однос, а токму спортскиот директор на „Старата
дама“, Фабио Паратичи испратил барање до Каталонците за можна трампа.
Како и да е, се
верува дека операцијата во моментов е комплицирана за да се реализира, и покрај
тоа што во Барселона немаат ништо против, сепак, еден детал ја кочи трампата.
Главниот проблем
е во тоа што Јувентус бара компензација за Бернардески, односно 10 милиони евра
за 25 годишниот Италијанец, најмногу поради фактот што е шест години помлад во
однос на Ракитиќ, а неговиот договор со италијанскиот првак истекува во 2022.
година, споредено со договорот на Ракитиќ кој истекува идната година.