Клубот од Олд
Трафорд во последните десет дена од зимскиот преоден рок ќе се обиде да донесе
нов напаѓач откако Маркус Рашфорд заработи сериозна повреда, одсно двојна стрес фрактура на
грбот. Англичанецот ќе паузира од два до три месеци, па Манчестер јунајтед
разгледува неколку опции.
Една е ангажман
на искусниот Единсон Кавани, кој сака да го напушти ПСЖ овој месец. Но според
пишувањата на Тајмс, „ѓаволите’ ја отфрлиле идејата да го ангажираат Уругваецот
поради неговите години.
Муса Дембеле од
Лион е друга алтернатива, се говореш дека се подготвува понуда вредна 50
милиони евра.
Сепак, Лион одбива
да го продаде напаѓачот, првиот човек на клубот, Жан Мишел Ола денеска порача:
„Нашите играчи често се мета на други клубови, но сакаме Муса Дембеле да
остане. Ова не е момент кога треба да го ослабнеме тимот“.