189
Лече му откина
два бода на фаворитот Интер во пресметката пред своја публика во рамките на 20
коло од италијанската „Серија А“, а со тоа „Нероаѕурите“ сега заостануваат
четири бода зад лидерот Јувентус.
Сепак, не беше
само резултатот од мечот кој остана во сеќавањата кај фановите, туку и еден
потег на домашните фанови, кои се уште им се свежи сеќавањата на периодот минат
на Антонио Конте во Бари.
Во текот на
мечот, навивачите на Лече истакнаа транспарент на трибинскиот простор, а
воопшто не бираа зборови да го искажат своето ривалство со тренерот на Интер.
„Конте, човек без
идентитет. Ти си сра*е на нашиот град“ пишуваше на транспарентот.
