Роналдо игра во голема форма, со два гола против Парма му донесе нова победа на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Роналдо е првиот фудбалер на Јувентус кој постигнува на седум меча по ред во Серија А по Давид Трезеге во 2005 година.

Тој е единствениот фудбалер кој постигнал најмалку 15 голови по сезона во последните 14 сезони од најдобрите пет европски лиги.

Парма до 43. минута одолеваше на нападите на Јувентус, а тогаш Роналдо го постигна својот прв гол за водство од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме Корнелиус го изедначи резултатот на 1-1.

Но радоста на Парма не траеше долго, само три минути подоцна Роналдо повторно даде гол за победа на Јувентус од 2-1.

Со овој триумф Јувентус отиде на +4 во однос на Интер, има +6 од Лацио но Лацијалите имаат и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×