Играњето фудбал за голем клуб како Мачестер јунајтед може да ви донесе голема слава и пари, но може да ви создаде и проблеми. Рајан Гигс открива дека проќелавле од стресот кој доаѓа со настапите за најтрофејниот клуб од Англија.
„Прв пат станав свесен за проблемот по натпревар на Енфилд во 2003 година. Дадов два гола и кога влегов во пабот каде беа моите пријатели, наместо да ми кажат „Одличен натпревар“ ме пречкаа со „Леле, ти паѓа косата“. Бев шокиран“ – вели Велшанецот.
„Станав параноичен, особено кога врнеше или пак натпреварот беше емитуван на телевизија. Затоа одлучив да се шишам кратко. Видете, фудбалот е стресен, постојано сте под притисок. Знаете што ве чека доколку загубите. Секогаш сте под лупа и сте мета на критичари“.
По неколку конзерватнивни третмани со ласери, употреба на лосиони и специјални шампони, Рајанг Гигс во декември 2017 направил трансплатација на коса. Бил толку задоовлен од процедурата што решил да купи дел од акциите на болницата во која била направена трансплатацијата.