224
Наполи синоќа одигра уште еден лош натпревар, Гатузо го загуби четвртиот од пет мечеви во Серија А.
Сите се чудеа на одлуката на Аурелио Де Лаурентис да го назначи Гатузо за прв тренер, бидејќи ретко кој смета дека легендарниот играч на Милан има капацитет да биде тренер за највисоки дострели.
Де Лаурентис конечно сфатил дека Гатузо е само еден просечен тренер и посакал да може да го врати Карло Анчелоти.
Но, тоа не е можно, Анчелоти сега е во Евертон каде си започна нова премиерлигашка приказна.
Наполи не може да го врати Анчелоти, но се шпекулира дека Гатузо може брзо да добие доколку Наполи за кратко време не ја промени формата.