220
Ватфорд во одлична форма го пречека Тотнем кој спротивно на нив се движеше во надолна линија.
Натпреварот заврши без голови, 0-0, а и двете екипи можат да жалат што не победија.
Во 70. минута Трој Дини не реализираше пенал, Газанига го одбрани неговиот удар.
Тотнем можеше да казни, во финишот од мечот топката со поголемиот обем ја мина гол линијата од голот на Ватфорд, но не и со целиот. Некој сантиметар недостасуваше за водство и победа на тимот на Мурињо.
