Младиот Шпанец блеска
во дресот на Динамо Загреб па го привлече вниманието на голем број клубови, а одличните
настапи му донесоа и деби во сениорската репрезентација на „црвената фурија“.
Барселона сака да
го врати Дани Олмо во своите редови, но „модрите“ не се откажуваат лесно од
својот бисер и поставија висока цена, се говореше за сума од 40 милиони евра.
Но според
пишувањата на медиумите од Хрватска, Звонимир Бобан фатил врски и го искористил
добриот однос со раководството на Динамо Загреб за да договори трансфер на Дани
Олмо во Милан.
Весникот Спортске
Новости пишува дека „росонерите“ тропнале со понуда од 30 милиони евра, а
новинарот на Јутарњи Лист, Никола Липовац вели дека „модрите“ го прифатиле
предлогот. Наводно се работи за зделка од фиксни 20-25 милиони евра, и со
бонуси од 5-10 милиони евра за да се стигне до конечната сума.
Добро упатениот
италијански новинар Ди Марцио сепак не е толку голем оптимист, и неговите
извори од Сан Сиро не ги потврдиле ваквите стории од Хрватска. Тие признаваат
дека Звонимир Бобан е голем фан на играта на младиот Дани Олмо, но во моментов
нема понуда од 30 милиони евра.