„Скај“: Интер и Челси си подадоа рака за Жиру

by
1 минути читање

„Скај Италија“
известува дека Интер и Милан веќе се договориле за трансфер на 33 годишниот
напаѓач Оливие Жиру во составот на „Нероаѕурите“ уште во овој преоден рок.

Според
информациите кои ги објави горе наведениот медиум, се вели дека обата клуба си
подале рака за трансфер на Французинот кој ќе изнесува 4,5 милиони евра.

Во Италија
веруваат дека Жиру претстојниов викенд ќе има и медицински прегледи, а во однос
на дополнителните детали од договорот, се шпекулира дека Челси ќе добие
дополнително и 2 милиони евра во бонуси.

Од претходно
медиумите известија дека Интер ги договори личните услови на напаѓачот кој ќе
потпише две ипол годишен договор со клубот, ќе заработува 4 милиони евра од
сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×