Меси: Ривалството со Роналдо ќе остане засекогаш, обајцата игравме во двата најголеми клуба во светот

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Барселона, Лионел Меси верува дека ривалството кое Аргентинецот го делеше со
Кристијано Роналдо во Шпанија, додека Португалецот беше член на Реал Мадрид, ќе
остане засекогаш, иако Роналдо направи трансфер во Јувентус.

За двоецот се
вели дека се најдобрите фудбалери во нивната генерација, откако поставија
повисоки стандарди во светот на фудбалот на денешницата, Меси пред извесен
период ја освои шестата „Златна топка“, додека пак, Роналдо заработи пет такви
награди досега во неговата кариера.

Споредбите помеѓу
Меси и Роналдо не застанаа никогаш, а тие беа во голем интензитет во периодот
кога Португалецот беше член на Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона, па
така, говорејќи во интервју за „ДАЦН“, Меси вели дека присуството на Роналдо во
Примера овозможило ривалство за уживање.

Тоа беше посебен
дуел, посебно ривалство кое ќе остане засекогаш, така ќе биде бидејќи траеше
многу години, а не е лесно да се одржува одредено повисоко ниво на подолг рок,
дополнително, екипите во кои игравме имаат високи стандарди, тоа е сосема
нормално ако се земе во предвид дека игравме во двата најголеми клуба во
светот, Реал Мадрид и Барселона
“ рече Меси.

Како и да е,
ривалството, а воедно натпреварувањето ќе продолжи и натаму, мислам дека
ривалството посебно ќе остане засекогаш, спортскиот дуел помеѓу нас беше
преубав на лично ниво, а истовремено љубителите на фудбалот имаа одредена
забава во тоа, без разлика на тоа дали се однесува во Мадрид, или Барселона,
или генерално гледано на фудбалските фанови
“ додаде Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×