Од Наполи
потврдија дека постигнале договор со Селта околу трансфер на Станислав Лоботка,
а истиот ќе изнесува 20 милиони евра, дополнително и бонуси.
25 годишниот
Словак веднаш се приклучува во составот каде игра и нашиот репрезентативец Елиф
Елмас, а фудбалерот од средниот ред стави потпис на договор со италијанскиот
вицепрвак со важност до 2024. година, а во Италија објавија дека ќе заработува
1,8 милиони евра од сезона.
Што се однесува
до дополнителните бонуси во договорот, се шпекулира дека истите се во висина од
4 милиони евра.
Лоботка се
приклучи на Селта во 2017. година по трансферот од Нордсјеланд кој шпанскиот
прволигаш тогаш го чинеше само 4 милиони евра, а Словакот доаѓа како
добредојден во плановите на Џенаро Гатузо да се префрли на формациската
поставеност 4-3-3 во Наполи, откако самиот директор на Наполи, Кристиано
Џинтоли пред извесен период наведе дека на клубот му е потребен уште еден
фудбалер во средниот ред.
Лоботка забележа
17 настапи за Селта сезонава, а тој клуб е вон опасната зона за испаѓање од
Примера во моментов, најмногу благодарение на гол-разликата, а Лоботка, кој
инаку има 22 настапи за Словачка, за трансферот во Наполи вели дека тоа за него
е чекор напред во кариерата.
„Се селам од
Шпанија во Италија, меѓутоа се приклучувам на подобар клуб со поголеми амбиции,
кој воедно има поставено повисоки амбиции, така ова е вистински чекор напред за
мене, во мојата кариера“ рече Лоботка во изјавата за официјалниот сајт на
словачката Фудбалска Федерација.
Welcome, #Lobotka
pic.twitter.com/ICI28mzBB1