166
22 годишниот Дони ван де Бек треба
да биде едно од првите засилувања за Зинедин Зидан за сезоната 2020/21.
Денешното издание на весникот Телеграф вели дека „кралевите“ од поодамна имаат постигнато согласност
со играчот, а си имаат и подадено рака со Ајакс за зделка вредна 55 милиони
евра.
Сè е договорено, фалат
само потписите на документите и трансферот треба да се реализира летоска,
односно на почетокот од јуни, секако под услов Реал Мадрид да не се предомисли
во следните месеци.
Дони ван де Бек е
на агендата на Реал Мадрид уште од минатото лето, талентираниот Холанѓанец беше
план Б во случај „кралевите“ да не успеат да го ангажираат Пол Погба.