234
Бруно Фернандеш
треба да го засили Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок. Двата клуба со
денови преговараат и се бара формулата која ќе ги задоволи сите страни.
Според пишувањата
на А Бола, паднал договор за трансфер вреден 60 милиони евра, плус додатни 10
милиони евра во бонуси. Останува да се пронајде согласност за играчот кој ќе
заврши во Лисабон на позајмица.
Спортинг ја одбил
идејата да го добие Жоел Переира, за Рохо и Анхел Гомеш нема консензус па се
прават напори Андреас Переира да биде вметнат во зделката.
