Операцијата на Заниоло успешна, потврдија од Рома

by
1 минути читање

Младиот и доста
перспективен фудбалер на Рома, Николо Заниоло се здоби со повреда од потежок
карактер на дербито со Јувентус, и тоа оштетување на менискусот и предниот
вкрстен лигамент на десното колено.

Денес врз Заниоло
беше извршен оперативен зафат, а за него сезонава е веќе завршена, а веројатно
згасна и големата желба кај него за настап во дресот на Италија на Европското
првенство годинава.

Од Рома потврдија
дека операцијата над Заниоло е завршена успешно, а рехабилитациониот период,
фудбалерот ќе ја почне од утре.

Операцијата
предводена од професор Мариани беше успешна, Заниоло ќе почне со својата
рехабилитација од утре
“ известија од Рома.

Се верува дека
рехабилитациониот период за Заниоло ќе трае од четири до шест месеци, исто така
очекувањата се 20 годишниот фудбалер да го пропушти и овогодинешното Европско
првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×