„Каталонците“ се
во потрага на нов тренер откако Чави ја одби понудата уште сега да седне на
жешкото столче на Камп Ноу. Низ медиумите кружат голем број на гласини и
кандидати за наследник на Ернесто Валверде, а според пишувањата на РАЦ1, ново
име на листата со желби е Маурисио Покетино.
Аргентинецот е
предлог на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, а за негов ангажман зелено
светло дале и директорите на клубот како и играчите, или поточно „тешкашите“ во
соблекувалната.
Маурисио Покетино
е без обврски по отказот од Тотнем но има еден проблем. Тој во минатото има
изјавено дека нема шанси да седне на кормилото на Барселона поради тоа што беше
играч и тренер на лутиот градски ривал Еспањол.
Останува да се
види како ќе се одвива потрагата по нов тренер и дали аурата на Барса и можноста да се работи со еден од најдобрите играчи на
сите времиња, Лео Меси ќе го натера Маурисио Покетино да го погази зборот.